Зара ви предлага слоевити комбинации за студените есенски денови

24 октомври 2014
Познатиот шпански бренд Зара знае дека секоја жена во својот плакар треба да има парчиња облека кои се носливи и лесно се комбинираат во сите пригоди.
Затоа, модниот бренд  деновиве го презентираше својот нов лукбук кој е вистинско олицетворение на класични и функционални модни парчиња кои ќе го обојат вашето модно пулсирање со неверојатен стил како во текот на денот, така и во вечерните часови.
Во преден фокус се удобните плетива, лежерните маички, фармерките, оделата, вечерните фустани но и одличните капути. Зара,  дефинитивно за оваа есен ви предлага максимално да ја искористите вашата имагинација и да презентирате слоевити изгледи.
Познато е дека не треба во вашиот гардеробер да имате премногу парчиња, туку само неколку кои секогаш ќе можете лесно да ги искомбинирате и да изгледате неверојатно модерно, урбано и елегантно. Креирањето стајлинзи во овие студени есенски денови ќе ви биде неверојатно забавно и без никакви „главоболки“ бидејќи новите модели од Зара ќе се вклопат во сечиј стил. Одберете ги вашите омилени комбинации од галеријата која следи во продолжение:
Објавено:
24 октомври 2014
Категорија: 
Колекции