Фарел Вилијамс ќе биде дел од мини филмот на Шанел
•
24 октомври 2014
Карл Лагерфелд е еден од дизајнерите на чии ревии и кампањи задолжително се вклучува неговата муза Кара Делевињ, а тука е и неговото кумашинче, шестгодишниот Худсон Кроенинг. Вистинско изненадување е учеството на познатиот музичар и продуцент Фарел Вилијамс, а сега за сега не се знае дали во филмот ќе биде вклучена фамозната мачка, Шупет.
Новиот мини филм за Шанел е посветен на новата круз колекција. Инспирацијата Карл ја црпи од новите патувања, а како нова дестинација го најавува Салцбург. Филмот треба да биде претставен на втори декември во Австрија и тоа во замок од XVIII век.