Вашите нови омилени потпетици се дело на Софија Вебстер и J. Crew

24 октомври 2014

Веќе знаеме дека таа е една од оние девојки што никогаш не грешат, барем кога станува збор за чевлите, а токму во овие студени денови, таа нѐ стопли со сосема нова колекција за J.Crew!

Фантастичната Софија создаде капсулна колекција за брендот во која апсолутно може да се забележат нејзините колоритни и забавни примеси, но овој пат во малку посмирена форма.

„Софија Вебстер беше сосема природен избор за нас. Нејзината неверојатна употреба на боите и различните дезени тотално се совпадна со она што нам ни се допаѓа. Ние никогаш не сакаме работите да ги сфаќаме премногу сериозно и сметаме дека и таа го има токму тој сензибилитет“, изјави Том Мора, шеф на женскиот оддел на брендот.

Дека тие се и повеќе од популарни, потврдува и фактот што целата колекција била експресно распродадена откако била поставена на нивната онлајн страница.

Веќе од следниот месец, сите обожаватели на брендот и дизајнерката ќе може да си ги набават омилените парчиња од колекцијата ширум нивните продавници. Цените на истите се движат од 320, па сѐ до 610 долари.

Објавено:
24 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци