Секогаш прекрасната Жизел Бундшен е дел од новата кампања за бразилскиот бренд Colcci кои лансираа одлична нова линија на „слим“ фармерки.
Одличниот едиторијал за брендот во кој Жизел ги носи фармерките од новата колекција, го направи талентираниот фотограф Зи Нунес кој досега има работено за некои од светските магазини и брендови.
Сите комбинации се направени од стилистот Даниел Уеда, а таа изгледа опасно секси во тесните фармерки и фантастичните тексасни горни делови комбинирани со вртоглави потпетици.
Во еден од стајлинзите, бразилската убавица изгледа неверојатно во целосно розова комбинација составена од совршени тесни панталони и куса маичка, впечатливи масивни алки и потпетици во иста боја.
Очигледно, бразилската долгонога убавица не мирува, па така, неодамна сними одлична божиќна кампања за брендот за накит Vivara каде изгледа подобро од кога и да е!