Ќе се согласиме сите дека Жизел Бундшен изгледа подобро од било кога во новата кампања на Балман за колекцијата пролет/лето 2024-та.
Печатот што го остави во моделингот уште со своето прво појавување е еднакво свеж и ден денес, токму како што е и самата колекција со потпис на уметничкиот директор Оливие Рустенг.
Новата колекција е ода на безвременскиот стил на Пјер Балман којшто ја основаше француската модна куќа во 1945-та со цел да даде форма на поствоениот стил.
Бразилската убавица има неверојатна моќ да ја заведе камерата и да ја пренесе својата самоувереност со говорот на телото.
Нејзиниот безвременски шарм совршено се совпаѓа со колоритната пролетна колекција која ја слави љубовта, радоста и убавината.
Жизел на фотографиите ја гледаме во креации на Балман налик на дизајните од 80-те, украсени со цветови, интересни форми и нагласени рамена.
Фото: Instagram