Harper’s Bazaar ги додели наградите за најуспешни жени на 2014 година

5 ноември 2014

Пред и официјално да ја испратиме 2014 година, во светот на шоу бизнисот, а особено во рамките на модната индустрија ова е период кога се доделуваат награди и признанија за најуспешните оваа година која полека изминува.

По тој повод, во хотелот Клариџ во кралската престолнина, градот Лондон вчеравечер одговорните уредници на списанието Harper’s Bazaar и оваа година доделија награди за најуспешните жени во 2014 година.

Кери Мулиган Кери Мулиган

Британската актерка Кери Мулиган која се најде и на насловната страна на списанието Harper’s Bazaar, за месец декември е една од победничките и ја освои наградата за најинспиративна жена на годината. Таа на церемонијата се појави во темно зелена креација изработена од брокат со должина до над колена, дискретно извезена со незабележителен златен дезен. Горниот дел на тоалетата е корсетиран и пресечен во предниот дел околу стомакот, а надолу паѓа во полн глок. Фустанот е дело на модната куќа Ердем. Едноставната шминка и собраната коса ја нагласија убавината на актерката и прекрасната креација.

Маргот Роби Маргот Роби

Австралиската актерка Маргот Роби, исто така се најде на листата најуспешни жени за 2014 година на списанието и го освои признанието за откритие на годината. Ѕвездата на филмот „Волкот од Волф Стрит“, пристигна на манифестација и со својата појава и неверојатната креација ги засени сите познати дами. Роби блесна во макси лелеав жолт фустан со длабоко деколте на брендот Рози Асулин, чевли потпишани од Шарлот Олимпија, клач – чанта дело на Кристијан Лубутан и Venyx накит од модната компанија Eugenie Niarchos.

Рози Хантингтон - Витли Рози Хантингтон - Витли

Рози Хантингтон – Витли, беше апсолутен победник и на црвениот килим но и надвор од него. Русокосата Англичанка која паралелно работи и како актерка и како модел исто така се најде во армијата успешни жени за 2014 година и ја освои наградата за модел на годината. 28-годишната убавица носеше комбинизон во кој горниот дел претставува спој на асиметрично пресечени делови со нагласено деколте, а во долниот дел лелеаво паѓа благодарение на плисираниот материјал. Во делот околу струкот комбинацијата е декорирана со сјаен ремен и масивна тока во златна нијанса. Креацијата е дело на модниот бренд Балман.

Гламурозниот настан дојдоа да го проследат и голем број познати личности како минатогодишната победничка Викторија Бекам, но и моделот Суки Ватерхаус, пејачката Ели Голдинг и многу други. Дизајнерката Дијан фон Фурстенберг се појави во истиот фустан што го носеше и во понеделник на доделувањето на CFDA наградите за 2014 година и ја освои награда замодна икона на годината. За најдобра музичарка на годината беше прогласена Џеси Вер. Наградата за најдобра британска актерка отиде во рацете ма Гвендолин Кристи, додека наградата за маж на годината ја зема Бенедикт Камбербач. Дизајнерка за 2014 година е Сара Бартон, а најуспешна млада дизајнерка која допрва ќе ги освојува модните врвови е прогласена Симон Роча. Фасцинантно е што наградата за најуспешна бизнис жена на годината и беше доделена на Роксанда Илинчиќ.

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Сцена