Во 2013 година, Џон Галијано мислеше дека нема големи шанси да го добие спорот, но Францускиот суд пресуди во негова корист, откако судењето беше превземено од Судот за работнички спорови. За потсетување, дизајнерот доби отказ поради својот антисемитски испад. Сепак во вторникот, Судот за работнички спорови донесе пресуда тотално спротивна на очекувањата на Галијано, кој бараше оштета од двете компании Christian DIOR SA и John Galliano SA во вредност од 2. 4 до 13 милиони евра. Исто така, Судот одлучи дизајнерот да исплати симболична сума на двете компании во вредност од едно евро.
Судот за работнички спорови не ја прифати одбраната на Галијано дека донесената одлука на модната куќа била нефер иако дизајнерот тврдел дека двете компании биле добро запознаени со неговата зависност од дрога и алкохол. На сослушувањето кое траело два часа, тој истакнал дека користел Валиум за да може да ги издржи сите фитинзи. „Не можам да си дозволам 17 годишното работење за Диор да има таков крај. Додека работев за нив, ја зголемив заработувачката за четири пати повеќе од претходно, но не сфатив дека професионалниот успех доведе до тоа јас да бидам психички и физички пропаднат. Без разлика на успехот, секогаш ми делегираа повеќе работа, обврски, поголем притисок, а тоа доведе јас целосно да изгубам контрола“ – објаснил Галијано.
Сега за сега е непознато дали Џон Галијано ќе поднесе жалба на оваа пресуда или ќе се насочи кон обврските во неговата нова матична куќа, Мезон Мартин Марџела.