Наоми Кемпбел отвора поп – ап продавница

6 ноември 2014

Светскиот топ модел Наоми Кемпбел, отвора поп – ап продавница во Вестфилд, Лондон за продажба на облека која ќе биде донација од супермоделите, нејзините пријатели и дизајнерите, како и нејзини лични модели. Црномурестата пантерка овој настан го организира во склоп со нејзината кампања Fashion for Relief, чија цел е да се подигне свеста за ширењето на болеста ебола. Продавницата ќе биде отворена само една недела почнувајќи од 28 – ми ноември, па се до четврти декември.

„Ние сме навистина воодушевени и почестени што повторно ќе соработуваме со Наоми и ќе помогнеме во нејзината иницијатива за Fashion for Relief“, рече директорката за маркетинг на Вестфилд за Велика Британија и Европа, Миф Рајан.

Имено, во 2011 година, Вестфилф Лондон, беше домаќин на првата кампања Fashion For Relief. Поп – ап продавницата тогаш за една недела успеа да собере над 20.000 илјади фунти, финансиски средства. Поради одличните резултати од првата иницијатива, оваа година продавницата ќе биде поголема со тоа што во продажба ќе се најдат повеќе стотици дизајнерски парчиња. Организаторите се надеваат на брилијантен успех.

Во пресрет на отворањето на новата продавница, модниот магазин Vogue, создаде ВИП картички кои им ги доделува на своите читатели за што полесен пристап не само до оваа продавница, туку до сите продавници и настани кои се во организација на Вестфилд. За сите оние кои меѓу првите ќе ги подигнат своите ВИП картички по повод Божиќните празници следуваат и подароци

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Актуел