Скијање со Шанел во Courchevel

25 декември 2014

Шеста година по ред еден од најлуксузните светски модни брендови отвора своја поп – ап продавница во елитниот ски- центар Courchevel.

Изминатата сезона Карл Лагерфелд ја дизајнираше жичарницата која ги водеше ВИП скијачите на бескрајните падини на еден од најлуксузните ски- комплекси во светот. Courchevel е дестинација на елитата и припадниците на кралските семејства, а пописот на продавници кои можат да се сретнат во преубавиот зимски центар е еднаков како на авениите на познатите светски метрополи.

На 160 квадрати се смести новиот Шанел поп – ап бутик кој ќе биде отворен се до петти април 2015 година. Два беспрекорно уредени ката каде се изложени модни додатоци, накит и cruise колекцијата на Шанел за актуелната 2014/15 година.

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Актуел