Никол Кидман во романтично-бохо издание од црвениот килим на CMA

7 ноември 2014

Австралиската русокоса актерка Никол Кидман се појави на 48-то издание на наградите од Кантри Музичката Асоцијација во Тенеси,  рака под рака со својот сопруг,  кантри музичарот Кејт Урбан.

Таа покажа дека помалку е повеќе, кога е во прашање појавувањето на црвен килим, одлучувајќи се за макси романтичен фустан во бела боја, од последната ready-to –wear колекција на италијанскиот дизајнер Роберто Кавали. Двајцата  покажаа одмереност во изборот на стајлингот, а таа како вистинска бохо-кралица ја истакна природната  убавина преку минималистичката шминка и кадравата фризура.

Освен Никол Кидман, поддршка на кантри музиката во Тенеси ,  даде и популарниот пејач Стивен Тајлер, кој  ја имаше улогата на презентер на сцената. Тајлер и овој пат својата стилска индивидуалност ја нагласи со многу парчиња накит, долгата кадрава коса, црните лакирани нокти и ѕвонарите.

Најважната гламурозна ноќ за кантри музиката ја проследи и манекенката Лили Алдриџ, која пак’ на црвениот килим се појави во ултра-секси црна тоалета со впечатливи  транспарентни делови, надополнета со дискретни обетки,  елегантни сандали и едноставна фризура и шминка.

Наградата за песна на годината и припадна на познатата кантри пејачка Миранда Ламберт за „Automatic“, која блесна во стилот на стариот Холивуд, имајќи на себе елегантна тоалета од пудрест шифон со потписот на индискиот дизајнер Бибху Мохапатра.

Објавено:
7 ноември 2014
Категорија: 
Сцена