Хит: Панделка во коса

10 ноември 2014

Алекса Чанг одамна го постави овој тренд, но оваа есен ја доживува својата експанзија. Ако сакате да внесете романтика во вашиот изглед, или едноставната фризура да ја направите поинтересна, тогаш панделката во коса е вистинскиот избор за вас.

Коњското опавче украсете го со лента од сатен или некој дезениран материјал, или пак околу пунџата врзете панделка во некоја пастелна боја. Една од најефектните фризури е онаа со опуштена плетенка и лента во интензивна боја, која што на крајот се врзува во панделка.

Шармантниот украс за коса ќе ја направи секоја ваша комбинација и изглед поинаков, а инспирацијата можете да ја најдете во бројните street style комбинации од светските модни метрополи.

Во продолжение ви презентираме дел од идеите:

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Убавина