Траки за коса комибинирани во креативни варијанти

27 јуни 2013

Прв начин:

Земете подебела трака, бојата нека биде по ваш избор. Косата натапирајте ја и врзете ја траката во вид на панделка . Ставете туш и маскара, во комбинација со оваа фризура добивате уникатен изглед во духот на 60 тите.

 

Втор начин:

Врзете ја косата доле на вратот во мала пунџа, а потоа земете тенка лента, во боја која ќе одговара на вашиот стајлинг  и измотајте ја околу пунџата.  Ќе добиете несекојдневен фенси изглед.

 

Трет начин:

Соберете го горниот слој од косата на темето со мало ластиче, а потоа замотајте танка лента околу него во вид на панделка. Косата ќе ви биде дискретно собрана, а вие добивате оригинален моден детаљ, кој ќе направи вашата навидум едноставна фризура да изгледа слатко и тренди.

 

Четврт начин:

Доколку сакате елегантен изглед, тогаш истапирајте ја косата и врзете ја високо во пунџа. Околу пунџата измотајте лента која на вратот ќе завршува со панделка. Акцентирајте го вашиот гламур и посебност.

 

Петти начин:

Исплетете ја косата во плетенка, разбушавете ја малку плетенката и после подигнете ја малку замотајте и прицврстете на средина на главата, оставете да виси некој прамен. Околу самата плетенка замотајте трака со средна дебелина, во боја по ваш избор. Имате кежуал дневна фризура , која не само што е модерна, туку е и доста практична.

 

 

 

Објавено:
27 јуни 2013
Категорија: 
Модни додатоци
Тагови: 
коса пунџа трака