Ријана ја посети Белата куќа

12 ноември 2014

rihanna-white-house-look-2014-03

Но, само за да ги направи најновите фотографии. Поп-ѕвездата е голем обожавател на серијата „Скандал“ која се емитува на ABC мрежата, па посетата во Белата куќа е со цел да одглуми дел од сцените. Иако Кери Вашингтон ја има главната улога во серијата, сепак и Ријана сериозно си ја сфатила работата.

Она што не може, а да не се забележи е комбинацијата што ја носи. Изборот на Ријана е дезениран фустан со потпис на Стела Жан, црна Пјер Балмин чанта и Маноло Бланик сандали со ременчиња. Полн погодок!

Можеби после овие фотографии, продуцентите на серијата ќе се инспирираат и ќе ја вклучат во актерската екипа.

rihanna-white-house-look-2014-01rihanna-white-house-look-2014-02

Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Сцена