Лимитираната колекција е составена од чанти кои се креации на Проенза Скулер, Симон Роша, Мави и Софи Хулие. Моделите варираат како во однос на големината, така и во однос на формата. Покрај класичните модели,  застапен е модел на клач чанта која е одлично парче за свечени пригоди. Во останатиот дел од понудата, вклучени се и ранеци и еден несекојдневен модел за чија инспирација послужиле токму лепезите. Иако изгледа футуристички, сепак во прашање е доведена неговата практична страна. Извонредна изработка чини неверојатни 10о илјади  долари.

Оваа селекција нека ви послужи како инспирација од потрагата на златна металик чанта,  на која од целосниот стајлинг ќе и дозволите да се истакне преку изборот на монохроматска парчиња.

Преземено од Buro 24/7
Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци