Есенски новитети во линијата на Гвинет Палтроу

14 октомври 2016

Елегантни, женствени и тренди парчиња ја сочинуваат новата есенска колекција на брендот Goop label зад кој стои актерката Гвинет Палтору, кој инаку го основаше во 2008 година.

Парчињата од новата колекција може да се купат исклучиво на нејзината онлајн продавница goop.com, каде секој месец со поставуваат по неколку нови артикли.

Оваа есен е резервирана за јакни, панталони, килоти, кошули, џинс, капути и чанти во бела боја, а во рамките на оваа есенска линија се и класичниот црн фустан и капут во сина боја.

За беспрекорната изработка на парчињата биле ангажирани италијанските фабрики каде што се изработуваат колекциите на брендови од калибарот на Проенза Скулер и Дрис ван Нотен.

Објавено:
14 октомври 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.022 пати