Прамен од косата на Мик Џегер вреди 4 илјади фунти

5 јули 2013

Парче од косата на Мик Џегер е продадено  на аукција  за цена од 4 илјади фунти на анонимен купувач. Косата на аукција ја дала поранешната девојка на Џегер, Криси Шримптон,која го запозона  Џегер додека се уште бил непознат студент во Лондон.

 

Косата била ставена во коверт со посвета до Криси а парите од праменот  ќе бидат донирани во хуманитарни цели за лица кои претрпеле повреда на лицето. Инаку, ова не е прв пат мали нешта од познатите ѕвезди да се продаваат на аукција, стихови напишани од Дејвид  Боуви исто така се продадени за вртоглава цена од 19 илјади фунти.

Објавено:
5 јули 2013
Категорија: 
Сцена