Пред – есенска колекција на Мезон Мартин Марџела за 2015 година

28 ноември 2014

Круз колекцијата на Мезон Мартин Марџела е составена од 24 стајлинзи поделени во три категории. Во првата група спаѓаат аутфити со кои модната куќа отсликува како според нив изгледа една проблематична тинејџерка. Во втората група се стајлинзи кои се идеали за сите  фанови на долгите прошетки и пешачењето, а во третата се вметнати парчиња, за чија инспирација послужија пижамите и облеката која најчесто може да се најде во спалната соба.

Покрај тоа што Џон Галијано е сега креативен директор на Марџела, сепак за оваа, како и за претходните колекции, тимот останува анонимен. Пред – есенската колекција со наслов MM6 е во знакот на неконвенционалниот стил, со акцент ставен на волуменозните парчиња. Покрај класичните панталони и фармерки, особено се издвојуваат горните парчиња со кожени детали на предниот дел, комбинезоните, принтовите, маицата со натпис и комбинацијата на различни материјали во една комплетна структура. Во галеријата, погледнете ги 24-те парчиња кои се дел од круз колекцијата на Марџела за 2015 година.

Објавено:
28 ноември 2014
Категорија: 
Колекции