Дајте му примат на капутот

28 ноември 2014

И по температурите, а и календарски зимата се' повеќе ни се доближува. Затоа, време е да го извадите или да го купите вашиот омилен капут, и да му го дадете приматот во стилските комбинации.

Тоа е првото парче што некој во овие денови ќе го забележи на вас, заедно со модните додатоци. Но, ништо помалку не е важна комбинацијата под капутот, особено ако го носите откопчан, или доколку имате некоја важна средба.

Да се направи стилска комбинација не е едноставна работа. Лежерните комбинации особено знаат да бидат најтешки. Но, од друга страна токму слоевитоста во зима нуди различни можности.

Џемпери, широки фармерки, хеланки, туники, дебели блузони, волнени здолништа, се' е дозволено! И секако капут.

Ако немате инспирација и ова не ви е омиленото годишно време, за среќа постојат голем број познати личности и модни блогери од кои можете да ја црпите инспирацијата. А дел од нивните модни предлози ви претставуваме во продолжение:

Објавено:
28 ноември 2014
Категорија: 
Тренд