Како да го одберете вистинскиот капут за вас

11 декември 2013

fall-winter-2013-fashion-coats-trends-for-women-8 (1)

Купувањето капут е сериозна инвестиција, а на жените воопшто не им е лесно кога треба да го одберат вистинскиот. Која боја да ја одберете, каков материјал, како да се закопчува, со која должина да биде, се прашањата што ја мачат секоја жена.

Но, пред се, морате да знаете каков крој најдобро и прилега на вашата фигура.

На високите и крупни жени, најдобро им прилегаат капути во едноставни кроеви, а би требало да го одбегнат и дворедното закопчување на градите, како и дебелите материјали. Се препорачува дамите со покрупна фигура да одберат модел кој убаво ќе им прилега и кога се носи откопчан.

2013+latest+fashion+women+long+wool+coats+-wool+trench+coats+for+elegent+ladies-ladies+wool+long+winter+coats

„Влакнестите“ модели пак се идеални за дамите што би сакале да ги сокријат градите. Но, ако сакате пак да го истакнете, тогаш одберете поширок капут кој се врзува во пределот на половината. Исто така, убаво се комбинира со тесни панталони, бидејќи така ќе го одбегнете широкиот (кутија) изглед.

На слабите и ниски жени им се препорачува да носат капути со широки ремени. Струкиран капут им прилега на изразено слабите девојки, кои немаат големи гради и задник, па на овој начин капутот визуелно ќе им создаде облини.

Free-Shipping-2013-Most-Popular-women-font-b-trendy-b-font-font-b-winter-b-font

Ако вашето тело има облик на песочен часовник, носете капути во светли и впечатливи бои, но комбинирајте го со облека во неутрални нијанси. Сивите панталони на пример, одлично се комбинираат со капут во светла боја, а и ќе придонесе да изгледате повисоки.

fall-winter-2013-fashion-coats-trends-for-women-7

На жените кои се изразено ниски, совршено им прилегаат модели малку над колената, затоа што во поголемите ќе „пропаднат“. За издолжување на силуетата, идеалнно е да носите длабоки чизми со високи потпетици во иста боја како и капутот.  Ако сакате да го издолжите торзото, можете тоа да го направите со тоа што околу вратот ќе носите крзно, или ако одберете капут со впечатливи копчиња, но на поголема раздалечина.

15-Inspiring-Casual-Winter-Fashion-Ideas-Looks-For-Girls-Women-2013-6

Многу високите жени ќе изгледаат добро и во капути до глужд, но треба да се внимава ракавите да не бидат куси.

Објавено:
11 декември 2013
Категорија: 
Направи сам