Фризерски салони станаа библиотеки

1 декември 2014

Главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, покрена нов проект во кој неколку градски фризерски салони во понудата покрај стилизирањето на косата нудат и книги. Фризерските салони сега имаат и функција на библиотеки, а иницијативата е на министерот за култура Хернан Ломбарди.

Целта на проектот е да се поттикнат клиентите да читаат книги и времето поминато во фризерските салони да се искористи на поинвентивен и едукативен начин. Секој салон вклучен во програмата поседува околу 150 наслови од светска литература, поезија, детски книги и такви посветени на религијата. Министерот се надева дека идејата ќе биде успешна, а ќе биде и поттик за други земји низ светот.

Фаворизирањето на колективната пракса за читање книги на локации каде најмногу се разлистуваат весници и магазини, е навистина уникатна. Еве една  идеја со што да ги потполните полиците во фризерските салони и да ги поттикнете клиентите поинаку да го поминуваат времето на фризерскиот стол.

 

Објавено:
1 декември 2014
Категорија: 
Култура