Време е за хидратација

2 декември 2014

Зимата е веќе на праг, температурата се намалува, а телото се адаптира на ново поставените временски околности. Автоматски на тоа се менуваат и ритуалите во однос на негата и дополнителните обврски кон личната заштита на кожата и косата.

Погрешно туширање

Повеќето практикуваат туширање со потопла вода во зима. Тоа е во ред, но не претерувајте подолго од 15 минути. Во спротивно кожата премногу ќе се суши, а се  спречува и природната хидратација. Можеби досега се го слуушнале овој совет, но колку за потсетување, најдобро е да правите наизменично туширање со топла и млака вода која ќе ја поттикне циркулацијата, како и хидратацијата.

Штитите ги рацете

Сувата кожа најпрво се гледа на осетливите подрачја каде  треба дополнителна нега. На рацете истата им е повеќе од потребна, затоа редовно нанесувајте хидратантна крема, а носете и ракавици за да се заштитите дополнително.

 

 Коса без волумен

Во зима шапките се можеби најприменувани, но најчесто повеќето го имаме проблемот со намалување  на волуменот на косата. За да го немате овој проблем, добро исушете ја косата со фен, ако претходно сте ја шампонирале, а сакате да носите шапка. Доколку носите патец на средина, а не сакате да се намали волуменот, тогаш превратете ја косата на страна, а откако ќе ја извадите шапката вратете го правецот на првобитното место. На овој начин ќе се спасите, а доколку ја носите на страна, постапката изведете ја обратно.

Не заборавајте да пиете доволно вода

Во текот на летото  лекарите посебно апелираат да се пијат доволни количества вода, но тоа не важи само за тој топол период. На вашето тело му е потребна доволна количнина вода и кога времето е студено, а вие не чувствувате толкава дехидрација како во лето. Водата не ја гаси само жедта, туку е значајна и за други телесни функции. Затоа пијте дневно барем 1,5 литри вода, или од 6 до 8 чаши дневно.

 Не ги запоставувајте стапалата

Иако не носите отворени сандали, во ниеден случај не ја заобиколувајте негата на стапалата. Одвојте време за редовен педикир, без оглед дали е во козметички салон или во домашни услови.

Хидратација на усните

Кожата на усните е доста осетлива, затоа аплицирањето на средствата за нега на усните е задолжителна. На тој начин ќе ги заштитите од пукање, а притоа тие ќе бидат нежни и негувани.

Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Убавина