Бизнис колекција: Деловна софистицираност со минималистички дизајн

4 декември 2014

Припадничките на понежниот пол кои предност му даваат на минималистичкиот дизајн и монохроматските комбинации, сигурно ќе бидат воодушевени од  комбинации од Бизнис колекцијата на Елена Лука, што лесно може да ги прилагодат како за дневни, така и за вечерни пригоди.

Бело сако и црн фустан

Класичната  црно – бела комбинација никогаш не излегува од мода. Белото сако стилизирано во оваа варијанта е изработено од штоф со сјај, со црна ревер јака и црни детали на џебовите, украсени со бисери, кои креираат елегантен и гламурозен изглед. Лелеавоста на црниот памучен фустан, овозможува комфор во извршување на работните обврски. Предноста на овој модел на фустан е што во предниот дел има парче изработено од висококвалитетен жоржет, што се трансформира на повеќе начини, па може да се носи во различни пригоди, но во сосема поинакво издание. Оваа бизнис комбинација е воедно модерна, со строги линии, но и лежерна, поради лелеавоста на фустанот.

Црно сако и сив фустан

Актуелниот пепито дезен е одличен за бизнис комбинација. Во конкретниот случај, модната куќа Елена Лука нуди тесен фустан со должина до колената и интересен детаљ на предниот дел во V форма, кој нуди дополнителна драматичност, а и визуелно дава изглед на длабоко деколте. Фустанот е комбиниран со сако во црна боја, изработено од штоф, со комбинација на волна и свила. Ревер јаката има превртена форма во горниот дел, а овој стајлинг покрај тоа што е одличен за деловни состаноци, совршен е и за коктел забави и нуди впечатлив и уникатен изглед со дизајнерски печат на себе.

Објавено:
4 декември 2014
Категорија: 
Без категорија