Fashion group Тренд аларм: Спортско-елегантна комбинација за мажи

18 декември 2014

stajling-18.12

Денешниот стајлинг е посветен на мажите. Со оглед на тоа дека се ближи крајот на работната недела, а во тек се и предновогодишните забави, ние одлучивме да ви предложиме една спортско-елегантна комбинација.

Темносините панталони од кепер се одличен избор за зима, а воедно и ако сакате да внесете елегантна нота во комбинацијата. За да не биде премногу строго и монотоно, ние одлучивме панталоните да ги комбинираме со кошула во слична боја и интересен дезен. Она што внесува уште повеќе веселост и свежина во изгледот е и изборот на сомотното сако во кафена нијанса. Горниот дел од јаката обложен со темносин сомот, како и сошиени парчиња од истиот материјал на лактите, го прават уште поинтересно и тренди.

so-logo

Кога се обувките во прашање, длабоки чевли до глужд во маслинеста нијанса ќе се вклопат одлично. Така дотерани, понесете го само доброто расположение и насмевка и уживајте!

Организација и реализација: fashionel.mk

Модна Агенција Models In: Мартин Митковски

Објавено:
18 декември 2014
Категорија: 
Тренд