Стилски двобој: Црно-бело или само црно?
•
22 декември 2014
Првата креација е фустан кој е интересен спој на волуменозно здолниште со дискретен принт, пократок на предниот и подолг на задниот дел. Горниот дел продолжува со тантела и длабоко V деколте. Фустанот е комплетиран со клач чанта и чевли.
Втората креација која ја понуди Стела Мекартни е долг црн елегантен фустан, исто така со нагласено, длабоко V деколте. Дизајнот на фустанот нуди истакнување на сексапилот, а за совршен изглед, креацијата комплетирајте ја со клач чанта, обетки и чевли.
Која креација од Стела Мекартни би сакале да ја носите?