Бунтовен стилски говор на Живанши

24 декември 2014

Појавувањето на Џулија Робертс во кампања на Живанши беше ретка можност да се види актерката во сериозно издание, без препознатливата насмевка. Но сепак, модната куќа одлучи да лансира втор дел од пролетната кампања, но овој пат со модели. Модното дуо Мерт и Маркус ја сликаа кампањата, со таа разлика што Мика Арганарес, Имам Хамам и Стела Луција позираа во попровокативно издание, за разлика од конвенционалниот приод со Робертс.

Иако се работи за тотално различни тематики во кампањите кои се однесуваат за истата колекција, сепак модната куќа на овој начин, докажува прилагодување на нивните парчиња, буквално за сите пригоди.

Објавено:
24 декември 2014
Категорија: 
Колекции