Најдоминантните трендови на венчаници за 2015

26 декември 2014

Идните невести кои во 2015 година веќе ја закажаа свадбената прослава, сигурно  на големо размислуваат за совршениот фустан. Доколку сакате да носите венчаница според последните трендови од модната недела за венчаници, во продолжение ги селектираме најдоминантните трендови од писта.

Во стилот на 20-тите

Ресите и смирените класични линии од кројот се синоним за женската мода од 20-тите години. Обожавателките на винтиџ парчињата сигурно ќе се пронајдат во ваквите модели, кои сега се изработени во духот на новото време. Неоптоварени во везови и дополнителни делати, изгледот во ваква венчаница можете да го комплетирате и со некоја специфична шапка наместо вел.

 Дводелни модели

Беше прашање на време кога трендот од уличната мода ќе се префрли и кај венчаниците. Во ваквиот случај кројот од здолништето ја игра клучната улога, зашто истиот во никој случај не треба да открива премногу. Ако сте личност што преферира да следи трендови, тогаш дводелните венчаници се вистинските за вас. Тие се мултифункционални и можете да ги носите и по венчавката.

Богата тантела во хипи фазон

Откако ја видовме цветната венчаница на Попи Делевињ се заљубивме во специфичните бохо модели. Дизајнерите на венчаници во своите колекции не пропуштија во понудата да вклучат раскошни и романтични фустани за невести што го обожаваат бохо стилот. Овие венчаници се лелеави и романтични или едноставно совршени за еден специјален ден како венчавката.

Голи раменици

Венчаниците со спуштени или голи раменици се позиционираа меѓу трендовите уште од минатата година. Сега, новите варијанти се инспирирани од 70-тите и најчесто се конструирани во чисти минималистички линии. Доколку сакате да носите ваков модел, консултирајте се со професионален тим за да ви укаже  дали истиот одговара на вашата телесна конституција.

 Во боја

За храбрите невести што сакаат да ја избегнат традицијата на белата боја, брендовите и дизајнерите перманентно ги предлагаат венчаниците во боја. Последните трендови налагаат дека идеалната боја на венчалниот фустан треба да биде небесно сина.

 Строг елегантен минимализам

Не секоја невеста ги сака раскошните и бајковити венчаници. Пејачката и сестра на Бијонсе, Соланж носеше токму таква класична венчаница која ја истакна нејзината природна убавина. Ако светкавите и везени текстури не ви се омилени, солуцијата за вас е токму во овие минималистички.

 

 

 

Објавено:
26 декември 2014
Категорија: 
Бела соба