Никол Кидман – дефиниција за женственост во едиторијал за Грација

27 декември 2014

Актерката со аристократска убавина, Никол Кидман, периодов ја видовме во неколку различни изданија за насловните страници на повеќе светски магазини.

Во нејзиниот последен ангажман, таа позира за насловницата на кинеското издание на магазинот Грација за последниов месец од 2014.

Гламурозната Кидман е дефиниција за женственост во луксузните тоалети со силуета на песочен часовник, украсени со луксузни камења и богати везови. Помеѓу фотографиите има и неколку портрети во црно-бела техника кои даваат дополнителна уметничка тежина на целиот едиторијал.

 

 

Објавено:
27 декември 2014
Категорија: 
Сцена