Во време на празничната еуфорија кога сите се подготвуваме за новогодишната ноќ, време е да размислите за сите останати детали.
Доколку ја одбравте вистинската комбинација, сега е време да ги изберете и соодветните хулахопки.
Брендот La Dama секогаш знае што е најдобро за вас, па така за овие студени празнични денови предлага неколку чифта хулахопки со кои ќе го збогатите вашиот избор на новогодишна облека.
Доколку за празничната прослава одбравте елегантен фустан, тогаш задолжително одберете ги црните хулахопки во посветла нијанса, а доколку пак се решивте новогодишната ноќ да ја поминете во нешто топло, урбано и шик, одберете ги темните црни хулахопки.
Производите на La Dama се достапни во сите големи маркети, со што дополнително ви е олеснето купувањето во последен момент, за кое знаеме дека секому може да му се случи!