Фантастична и успешна година за Викторија Бекам

31 декември 2014

Викторија Бекам е бренд сама за себе. Не постои проект кој го има започнато, а да не резултирал со успех, па дури и за лансирањето на моден бренд, за кој на почетокот се предвидуваше дека ќе доживее крах. Британската дизајнерка заработи неверојатни цифри со продажба на своите колекции, па лесно можеме да дојдеме до заклучок дека тековната година која е при самиот крај, за неа беше беспрекорна на професионален план.

Британскиот Телеграф објави официјални информации според кои пред две години, нејзината заработка била 16 милиони фунти, а моменталната е 31 милиони фунти. Иако на модната сцена се појави во 2008 година со модна ревија во Њујорк, Викторија Бекам успеа за шест години да изгради култен статус и да привлече голем број клиенти, како славни, така и анонимни. За 2015 година Викторија најавува линија чевли, а линијата лакови за нокти веќе се пуштени во продажба.

Објавено:
31 декември 2014
Категорија: 
Сцена