Fashion group Тренд аларм: Урбана зимска комбинација за топли почетоци!

2 јануари 2015

Момци, почнете ја новата година со стил!

Со оглед на неверојатно ниските температури надвор, доколку денеска решивте да го испиете првото кафе со пријателите во новата година, или пак имате работни обврски, облечете се топло!

Денеска ви предлагаме тренди карирана кошула во комбинација со темно син џемпер со копчиња и шик фармерки.

Одличниот изглед надополнете го со урбани и квалитетни чевли во темно сина боја што одлично ќе соодветствуваат со модерното џемперче.

Целиот изглед „зачинете“ го со тренди зимска јакна со крзно и топол шал и ракавици, бидејќи надвор е вистинска руска зима!

Ви посакуваме успешен почеток на годината и многу пријатни средби во истата!

Објавено:
2 јануари 2015
Категорија: 
Тренд