Модната куќа Елена Лука по се изгледа дека сите ги допре со своите „модни узди“ и буквално ги маѓепса дури и девојките кои што имаат мошне истанчен вкус. Матурската креација за секоја девојка претставува голем и важен момент. Затоа, и денес решивме да ви предложиме стајлинг што е дел од најновата колекција „Златни узди“ на овој веќе етаблиран моден бренд.

Станува збор за долга тоалета во бела боја, изработена од микс на мек тул и органтин, во сирена крој. Горниот дел е корсет во облик на срце за дискретно истакнување на деколтето изработен од сатен и мек стуткан тул, а долниот дел претставува модел на тесно здолниште до колена кое како паѓа надоле се шири и во долниот дел е врамено со рачно фиксирана тантелна апликација во црна и златна боја. За да се нагласи софистицираноста на дизајнот и уникатноста во изработката на моделот во продолжение на  корсетот е вметнато монтажно здолниште изработено од транспарентен црн органтин на кое што му се додадени странични џебови, украсени со рачна тантелна апликација и златна кружна плочка на половината на која што е испишано логото на куќата.

Оваа монохроматска варијанта на креација, каде доминира контрастот на белите и црните нијанси, хармонично споени со златни рачни везови, ве советуваме да ја комбинирате со колекцијата на чанти и чевли што брендот на Елена Лука специјално ги изработи за оваа пролетна колекција. Одберете клач-чанта изработена од високо квалитетна сјајна лакирана црна кожа, украсена со златна кружна плочка на која се испишани иницијалите на куќата. И сандали изработени од истиот материјал и боја, украсени со златно синџирче кое е споено со метална златна плочка на кое е испишано логото на куќата. Бидете храбри и експериментирајте со кроевите и стилот, одберете ја оваа несекојдневна тоалета и засенете ги сите на вашата матурска забава.

Објавено:
15 мај 2014
Категорија: 
Без категорија