За WOW на неделата ја избравме Пријанка Чопра која на доделувањето на Film  Fare Awards во Мумбаи се појави во елегантен црн фустан од Алексадар Меквин со накитен пеплум околу струкот кој дополнително до израз го истакна нејзиното феноменално тело. За целосен изглед, Пријанка носеше црни чевли, обетки од Atelier Mon и фризура на страна која направи таа да изгледа егзотично и заводливо во секој поглед.

За LOL на неделата ја избравме Скајлар Греј кој на доделувањето на Греми наградите се појави во креација од Мајкл Костело, чија креација носеше и Бијонси на истиот настан, но за разлика од Греј изгледаше убиствено добро во белиот фустан. Фустанот од латекс во беж нијанса воопшто не се вклопува со изгледот на Скајлер,. Ова се однесува на нијансата на беж фустанот кој не одговара со нејзината боја на кожа, а лошо е што дури ни аксесоарот не допринел за таа да изгледа впечатливо. Токму затоа, Скајлер Грје ја избравме за најлошо облечена за оваа недела.

Објавено:
4 февруари 2014
Категорија: 
Без категорија