На црвениот килим продефилираа ѕвезди кои привлекоа внимание со својот изглед и тоа некои во позитивен, а некои во негативен контекст.

За WOW на неделата ја избравме Данаи Гурира која во Нокиа Театарот во Лос Анџелес пристигна во асиметричен фустан со принт во зелена боја од ресорт колекцијата на Наем Хам за 2015 година. Фустанот на едно рамо со волуменозен цвет како детаљ, придонесе креацијата да изгледа побогато, а синиот ремен го истакна тенкиот струк на актерката. Данаи изгледотот го комплетираше со сандали со отворени прсти, алка и минимална шминка на себе.

За LOL на неделата ја избравме Блеона Черети која очигледно ја искористи голотијата за да го привлече медиумското внимание, но сепак во негативна насока. Мрежестиот фустан не беше доволен за да прекрие одредени делови од телото, а доколку целта и била да ја имитира Ријана, која носеше слична креација на доделувањето на CFDA наградите, тогаш направила апсолутно погрешна проценка. Блеона очигледно заборавила дека се појавува на манифестација со светско реноме, каде е неопходно да се истакнете со уникатниот изглед во однос на креацијата, а не со голотијата, која повеќе би одговарала за забава на Хју Хефнер.

Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Без категорија