Би преноќиле ли во хотел сместен во пештера?

14 мај 2014

Доколку сте вистински турист и секогаш расположени за необични места и хотели во кои можете да преспиете, тогаш ова е совршеното место за вас.

Хотелот Кага Кама во Јужна Африка се наоѓа на 250 километри од Кејп Таун, има вкупно 10 соби и сите се распоредени по шумскиот масив од планинскиот ланец Седерберг.

Истите се уникатни не само поради локацијата, туку и поради оригиналните планински цртежи кои што се насликани во внатрешноста.

Од секоја пештера, можете да уживате во неверојатен поглед кон прекрасната и магична природа, а за сите оние кои што максимално сакаат да и се приближат на природата и се страсни обожаватели на Флинстонови, тука е и Outcrop Open Air Romm или соба на отворено.

Брачниот кревет и ноќната масичка се единствениот мебел во оваа „соба“ на отворено која што од ветрот ја заштитуваат единствено високите карпи во околината.

Во 1986 година купена е територијата на која се наоѓа денешниот хотел, а 1988 година истиот е претворен во приватен резерват.

Во текот на годините, местото прерасна во привлечна туристичка атракција и дестинација каде посетителите доаѓаат не само да уживаат во прекрасниот поглед, туку и поради неверојатно добрите спа програми кои што ги нуди самиот хотел.

Како ви се допаѓа егзотичниот Кага Кама хотел? Би преноќиле ли и вие во него?

Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Фото галерија