Дизајнерот Марсел Вандерс слави 25 годишнина од работата со спектакуларна изложба

8 февруари 2014

Во престижниот музеј „Stedelijk“ во Амстердам поставена е изложба на еден од најистакнатите холандски дизајнери за ентериер, Марсел Вандерс. Неговите производи имаат меѓународно признание, како оригинален уметнички правец. На изложбата која почна на 1-ви февруари а ќе трае се до 15-ти јуни, изложен е целосниот опус на дизајнерот вклучувајќи 400 предмети од 1980 до денес , кој вклучува: мебел, ламби, декорации, прибор за јадење,  накит, дизајн скици, прототипи, експериментална работа во мали изданија, скулпторски објекти  и виртуелен ентериери. Инаку, изложбата е поставена во три дела, бела зона, црна зона и дневна, од која на различни начини се претставени дизајнерските елементи. Концептуалната насока на дизајнерот Марсел води кон авангарда, а во тоа ќе се уверите преку уникатните фотографии од изложбата во продолжение.

Објавено:
8 февруари 2014
Категорија: 
Фото галерија