Џенифер Лоренс ги презентира неверојатните Be Dior чанти во третата кампања за брендот

16 септември 2014

Прекрасната актерка Џенифер Лоренс ја толкува главната улога во четвртата по ред кампања за Miss Dior чантите, со што уште еднаш се докажа дека таа е една од омилените музи на брендот.

На фотографиите, Џенифер изгледа неверојатно тренди во црни елегантни панталони, елек и црно палто дизајнирани од Раф Симонс.

jennifer-lawrence-miss-dior-pantsuit-2014-fall-ad-campaign01

На дел од фотографиите може да се види  новата  чанта од брендот, едноставно наречена „Be Dior“ која со брзина на светлината стана миленичка на холивудските девојки.

Како и во секоја кампања, така и во оваа, актерката изгледа софистицирано и елегантно. Целосниот изглед  е надополнет со минимална шминка и лежерна фризура исчешлана наназад, која одлично и прилега.

Објавено:
16 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија