Колку поуспешно е уреден излогот на продажниот салон толку е поголем предизвикот за потенцијалниот клиент да го пречекори прагот на продавницата, а особено во овој претпразничен период конкуренцијата е огромна.

Алтернативна реалност, футуристички сцени, снежна верзија на Менхетен. Вакви теми преовладуваат на широко отворените изложбени прозорци на најпознатите брендови во Њујорк.

Уште попривлечен е моментот што и самите купувачи може интерактивно да учествуваат во уредувањето на амбиентот што дополнително ја зголемува празничната возбуда.

Погледнете како изгледа задоволството да се изгубите во фантастичниот свет на њујоршките брендирани улици.

 

 

 

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Фото галерија