ФОТО: Најдоброто и најлошото од црвениот килим во Кан - I дел

19 мај 2015

Сите очи деновиве се вперени во Кан, каде се одржува 68-то издание на Канскиот филмски фестивал. Покрај 19-те филмски остварувања што се натпреваруваат во официјалниот дел, вистински натпревар има и на црвениот килим. Луксузни тоалети, но и необични креации е она што можевме да го видиме изминативе денови. Секој со својот моден избор се трудеше да биде забележан на оваа престижна манифестација - на добар или лош начин!

Така, покрај тоа што видовме беспрекорни појавувања, во текот на досегашните 6 дена од фестивалот, ја видовме и долната облека на дел од актерките, некои несфатени креации, како и тотални промашувања.

Sophie Marceau

Diane Kruger

Lindsay Ellingson

Токму затоа, на средина од овој фестивал, ви ја презентираме галеријата, каде ги обединивме најдобрите и најлошите креации во Кан досега.

Инаку, фестивалот завршува на 24-ти мај.

Објавено:
19 мај 2015
Категорија: 
Фото галерија