Жулиет Бинош го отвори 65-тото Берлинале

6 февруари 2015

Жулиет Бинош Жулиет Бинош

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин започна вчера со проекција на филмот Nobody Wants the Night, во режија на Изабел Коискет, а со Жулиет Бинош во главната улога.

Тоа е воедно и едно од 19-те остварувања, кои се во трката за главната награда, Златна мечка. Годинешниот претседател на жирито што ќе ја има честа да ги одбере најдобрите е американскиот режисер Дарен Аронофски.

За Златната мечка ќе се борат филмовите Taxi, Queen of the Desert, 45 Years, Journal d’une femme de chamber и  Knight of Cups.

Инаку, овој филмски фестивал го нарекуваат и  „најкул“, поради тоа што е отворен за публика. Таа има можност одблиску да се сретне со филмските професионалци, да седат во исто кафуле со нив, каде послужуваат кари и пиво.  Инаку, после Кан и Венеција, овој фестивал во Берлин е е трет по големина.

 

Берлиналето е посебно бидејќи има селекција посветена и на тв-сериите. Во 2013-та публиката на фестивалот имаше можност да види две епизоди од мини-серијата Top of the Lake, а лани изборот беше втората сезона од House of cards. Оваа година, ќе бидат прикажани првите епизоди на Better Cal Saul, а во желбата да го срушат ѕидот помеѓу малиот и голем екран, организаторите го поканија Метју Вејнер да биде член на главното жири.

На овој најкул европски филмски фестивал, посебно место има и храната, односно гурманството. Веќе цела деценија наназад, кулинарските вештини имаат свој посебен дел Culinary cinema. Секоја година, вечерната проекција ја следи и банкет, подготвен од стран на некој познат готвач.

Исто така, Берлиналето се разликува од останатите фестивали бидејќи се одржува во зима, а често и на снежно време. Тоа не ги спречува ѕвездите да бидат гламурозни на црвениот килим. А доколку некој од посетителите сепак избере топла комбинација отколку гламурозна, никој нема да му забележи.

Во продолжение погледнете ги модните комбинации на дел од гостите на ова 65-то издание на филмската манифестација.

Објавено:
6 февруари 2015
Категорија: 
Сцена