Од влечки до чизми – улична мода од улиците на Њујорк

13 септември 2014

Елеганцијата, еклектичноста и спортски комбинации буквално ја одбележаа уличната мода во Њујорк. Судејќи според изгледите, „ин“ се миди здолништата, широки кошули на пруги, фармерки со машки крој, широките панталони со висок струк, принтови и секако впечатливи модни додатоци, од кои особено мора да  истакнеме дека не постои строга дистинкција во однос на моделите на чевли, бидејќи можеа да се забележат модни инсајдери облечени во влечки, но и во чизми.

Модна разновидност и индивидуалност, Њујорк понуди апсолутно уникатни и тотално спротивни изгледи кои допринесоа уште еднаш модната метропола да го потврди своето место како урбана дестинација за сите љубители, но и случајни посетители на модната недела во Големото јаболко.

Објавено:
13 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија