Оваа сезона, ретро ентериерите се вистинскиот избор за вашиот дом!

24 јули 2014

Доколку сте обожаватели на добро уредените ентериери и ги сакате местата кои што изгледаат интересно, впечатливо и помалку ретро, тогаш овие ентериери дефинитивно ќе ве освојат.

Ретро ентериерите се вратија на голема врата во последните неколку години, па така можеме да ги видиме во колекциите на голем број светски познати произведувачи на мебел и работи за во домот.

Познатите архитектонски куќи и бројни брендови што се занимаваат со ентериери, во својата понуда имаат фантастични и маестрални решенија за ултра квалитетни работи за домот со ретро нагласок.

Јаките бои, шармантните принтови и спојувањето на нешто тотално незамисливо, се одликите на овој стил во уредувањето на простори, но подеднакво се присутни и винтиџ деталите за непоправливите романтичарки.

Во продолжение, издвоивме неколку од најубавите ретро ентериери за сезонава, па доколку наскоро планирате големо летно реновирање, слободно можете да позајмите некоја идеја!

Објавено:
24 јули 2014
Категорија: 
Фото галерија