Иако можеби опремата за возење на велосипед вообичаено подразбира удобни панталончиња, маичка и патики, денеска повеќе не е така!

По примерот на креативната директорка на Вог, Сeли Сингер, која мами воздишки додека комплетно средена со високи потпетици ги минува улиците на Њујорк со велосипед, сѐ повеќе модерни девојки уживаат во оваа шик комбинација.

Иако можеби возењето на велосипед со потпетици звучи како вистински предизвик и нешто на што единствено би биле спремни само девојките од „Сексот и градот“, вистината е дека Интернетот е преполн со фотографии од девојки кои многу добро го прават тоа.

Со оглед на тоа што и ние имавме можност во нашиот град во неколку наврати да видиме смели и дотерани девојки со потпетици на велосипед, решивме малку да ве охрабриме со следните фотографии.

На истите, ќе бидете сведоци на ултра шик девојки кои без проблем возат велосипед со чевли на висока потпетица. Воопшто не двоумете се и доколку работите на некое место за кое ви е потребен костим, со тоа, ќе изгледате уште по шик.

Веќе утре, одберете го најсвежото цвеќе од вашиот двор, облечете ги најсмелите потпетици, дотерајте се и со доза внимание, уживајте низ улиците на вашиот град директно до работното место!

П.С Доколку не сте љубителка на високите потпетици, сега е вистинското време да си набавите сандали на платформа со кои возењето ќе ви биде уште поудобно.

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија