Познатите возат велосипед со стил!

5 мај 2014

Дождливото време што веќе подолг период се задржа во нашиот град, се чини нѐ спречи во нашите омилени активности, меѓу кои и возењето велосипед.

Оливија Вајлд Оливија Вајлд

Но, дождот пак не нѐ спречи да бидеме чести посетители во трговските центри каде може добро да се опремиме за новата сезона на велосипед!

Доколку ви снема инспирација за стилските комбинации на велосипед, во продолжение погледнете некои од светските ѕвезди кои обожуваат да возат велосипед и секогаш се беспрекорно средени за тоа.

Коко Роша Коко Роша

Тие многу често обожуваат да ги комбинираат боите на велосипедот со бојата на нивната облека и сето тоа изгледа навистина стилски и уникатно.

Инспирирајте се од следните фотографии за првите зраци од сонцето за кои се надеваме дека многу скоро ќе пристигнат во нашиот град!

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Сцена