Супермоделот, актерка и хуманитарка Роси Хантингтон Вајтли освојува во последниот број на германскиот Вог каде се појавува во нежна и романтична приказна!
Фотографиите за магазинот ги направи одличната и креативна фотографка Камила Акранс која е добро позната обожавателка на романтичните фотографии.
Во едиторијалот, може да ја видиме Рози во меки и неутрални комбинации, пред сѐ лежерни, кои и покрај се, повторно ја прикажуваат магичната манекенка во неверојатно сексапилно издание.
Зад одличниот стајлинг овојпат се потпишува главната стилистка на германскиот Вог, Никола Кнелс, која што како и секогаш, одбра неверојатно добри винтиџ парчиња за Роси како тантелни кошули, лежерни и широки фустани, меки џемпери и транспарентни блузички.
„Англиската Роза“ изгледа прекрасно и на насловната за јуни 2014, а доколку досега немавте можност да ги погледнете одличните фотографии, сторете го истото токму сега!