Овие два дена во Париз учичните фотографи навистина имаат полни раце работа. Од изминатиот викенд поточно од недела, улиците низ градот на светлината се секундарната модна писта по која чекорат голем број вљубеници во модата, како Парижани така и модни инсајдери од повеќе страни на светот. Ретко кој не сакаше да ја погледне ревијата од висока мода на Донатела Версаче, онаа на Кристијан Диор, Џамбатиста Вали. Нормално, за присуство на ревија каде се презентира луксузна и деликатна мода, големиот број присути создадоа модна мешавина  преку софистицирани, минималистички, трендовски и секако ексцентрични изгледи. Овие денови очекувано е во Париз да бидет сконцентрирани елитистичките кругови со цел да ги нахранат своите мегаломански модни апетити. Па така овие два дена сведоци бевме на присуството на влијателни ѕвезди како  модни уреднички, пејачки, актерки и актери, а допрва се очекува да пристигнуваат во Париз и да ги потполнуваат првите редови. Но, и оние што не ја уживаат привилегијата да гледаат од првите редови, не си допуштаат да не облечат на себе комбинација од која сигурно ќе бидат забележани.

 

Доволен доказ за тоа е обемната галерија од продолжение што ја споделуваат странските медиуми кои будно следат што се случува како на пистата така и низ париските улици. Различните модни изгледи покажуваат дека моментално во Париз се стационирани модни љубители од секаде не само од Франција. Од фото извештајот подолу, почувствувајте го модното лудило од Париз и инспирирајте се за некој храбрар стајлинг што ќе го „прошетате“ кај нас.

Објавено:
8 јули 2014
Категорија: 
Фото галерија