Зимски уличен стил во Њујорк: Слоевити парчиња за топли денови

26 декември 2013

Температури под нулата и врнежи од снег го зафатија Њујорк деновиве, но тоа не им дозволи на трендсетерките да изгледаат помалку добро од претходно.

Тие му се спротивставија на студеното време со волнени тренди џемпери, бунди од вештачко крзно, топли и шик чизми, а не изостанаа ниту модните додатоци како шал, капа, ракавици и други топли аксесоари.

Кај девојките, како и низ другите модни градови низ светот, најзабележителни беа машките волуменозни капути и слоевитото облекување, кое покрај тоа што е модерно има и навистина „топла“ намена. Нешто друго без кое што дефинитивно не смее да помине ниту една зима, се тренди шубарите, зимските капи, шапките како и шик грејачите за уши.

Во продолжение уживајте во зимските стилови на тренди Њујорчаните, но и инспирирајте се и за некоја ваша модерна, слоевита комбинација.

Објавено:
26 декември 2013
Категорија: 
Фото галерија