Астро стил: Биковите се олицетворение на софистицираност и изострен моден вкус

8 мај 2018

Крајот на април и мај, астролошки е резервиран за Биковите. Она што ги поврзува претставниците на овој зодијачки знак е нивната лојалност кон класиката, софистицираноста и елеганцијата.

Но, пред сè, за нив е важна удобноста. Важно е да се чувствуваат убаво додека носат нешто што мора да им се допаѓа. Тоа не значи дека некогаш не трпат поради убавина, но тоа се ретки ситуации. Но, не се ни совршени, па имаат и свои мрзеливи фази, кога тренерките или широките панталони, фустани се нивен прв избор.

Одри Хепберн

Исто така, го сакаат чувството на супериорност кога ќе влезат во просторијата и знаат дека добро изгледаат. Познато е дека не сакаат многу промени, па затоа не изненадува фактот дека кралицата Елизабета (21.04) со години не ги менува чевлите,капутите и ги има истите кроеви во многу различни бои. Бик е и Марк Цукенберг, кој пак има 40 исти сиви маици. 

На Биковите им е важно облеката што ја носат да биде и квалитетна. Затоа, тие побрзо за разлика од претставниците од другите зодијачки знаци преминуваат во фазата кога се купува помалку облека, ама квалитетна.

И покрај тоа што ја сакаат класиката, не значи дека излегувањето од шаблонот нема да им прилега. Принтовите знаат одлично да изгледаат на нив, посебно цветниот.

Женските претставници најчесто ги карактеризира топол поглед, долг грациозен врат и изразени облини. Токму затоа и ги нагласуваат тие свои добри страни, кои зрачат со сексапил, со што покажуваат дека во Бикот, лежи многу страст – за љубов, за живот, за себе. Марамите, впечатливите кармини и дискретниот накит се нешто што жените Бикови го носат со задоволство.

Мажите пак, сакаат да бидат средени, а моден додаток без кој не можат е парфемот. Нивното држење е право и доминантно, а пристапот топол, но јасен.

Во продолжение фотографии од познати личности во овој хороскопски знак, а нивните модни изданија веруваме ќе бидат инспирација за сите што се со знак или подзнак во Бик:

Адел (05.05)

 

Џорџ Клуни (06.05)

 

Џесика Алба (28.04)

 

Ченинг Татум (26.04)

 

Меган Фокс (16.05)

 

Дејвид Бекам (02.05)

 

Пенелопе Круз (28.05)

 

Ума Турман (29.04)

 

Џиџи Хадид (23.04)

 

Џејми Дорнан (01.05)

 

Кејт Бланшет (15.05)

 

Мишел Фајфер (29.04)

 

Пирс Броснан (16.05)

 

Рене Зелвeгер (25.04)

 

Амбер Херд (22.04)

Објавено:
8 мај 2018
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
3.116 пати