Астро стил: Близнаците владеат со забавната страна на модата

22 мај 2018

Среќен роденден Близнаци. Од вчера, па до 20.јуни е вашиот период, во кој комплетно ќе блеснете.

А тоа нема да биде проблем за вас, бидејќи ако некој ги сака предизвиците и знае како да се справи со нив тоа сте вие.

Кога е модата во прашање, вие ја претставувате нејзината забавна страна. Вие не ја сакате досадата во ниту еден сегмент од животот, па така и за модата и стилот. Еклектичниот стил најдобро ве опишува.

Принтот не е нешто што ве плаши, па често ги одбирате и комбинирате и по неколку различни. Сепак, од друга страна, не ѝ вртите ни грб на класиката.

Класичните кроеви или стандардните бои ви се резервирани за пригоди во кои знаете дека да се оди на сигурно е најдобра варијанта и каде безвременските комбинации треба да дојдат до израз.

Во сите други преферирате боја и разиграност. Жолтата, магента и портокаловата се меѓу вашите фаворити, барем ако ги слушаме астролозите , но тоа не значи дека нема место во вашиот гардеробер за другите бои.

Исто така, обожаватели сте на модните додатоци, па ако познавате некој што има импозантна колекција чевли, чанти или пак, накит, беџови, тогаш голема е веројатноста да е Близнак во хороскоп (или подзнак).

Сите овие карактеристики важат генерално за сите претставници. Мажите Близнаци пак, можеби не се толку храбри да бираат принтови, иако со задоволство носат на пример лежерни карирани кошули, но ќе ги препознаете така што секогаш ќе имаат интересна маица со порака, фотографија или апликација. Не се претерани љубители на класиката и униформираноста, па најчесто нивните комбинации се лежерни и „надвор од правилата“. Капите, очилата за сонце, ремени, но и патиките се меѓу нивните омилени парчиња.

Во продолжение пак, ќе видите со кои познати личности го делите хороскопскиот знак, а нивните комбинации веројатно ќе ве инспирираат или можеби ќе се препознаете во нив.

Анџелина Џоли

 

Џони Деп

 

Натали Портман

 

Никол Кидман

 

Колин Фарел

 

Лорин Хил

 

Канје Вест

 

Принц

 

Елизабет Харли

 

Зое Салдана

 

Брук Шилдс

 

Вентворт Милер

 

Адриана Лима

 

Мерилин Монро


Џуди Гарланд

Објавено:
22 мај 2018
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
1.082 пати