Астро стил: Стрелците ги обединуваат забавната и класичната страна на модата

27 ноември 2018

Стрелци среќен роденден! Ова е вашиот период од годината и уживајте максимално во него. Токму тоа е поводот што денеска се осврнуваме на стилот на Стрелците.

Како што најавивме и со насловот, тие совршено ја обединуваат забавната и класичната страна на модата. 

Жените Стрелци обожуваат боја. По природа се весели и тоа сакаат да го изразат и преку облеката. Така, нивниот гардеробер често е составен од парчиња во портокалова, розова, нијанси на сина... Обожаватели се на принтови, па нема некој што не им се допаѓа.

Но, од друга страна како некои што исклучително ја почитуваат женственоста, убавата силуета и класичноста, меѓу нивните омилени парчиња ќе ги најдете и оние во црно-бела комбинација (или само црна/бела). 

Она што важи за жените, може лесно да се пренесе и врз стилот на мажите. Ниту тие стравуваат од принт, па Стрелец ќе препознаете по палтото со принт што ќе го носи со голема самодоверба. Впечатливи чевли не се нешто по што претставниците на другите знаци ќе посегнат, но тоа не важи за Стрелецот.

Исто така, доколку одберат сведена свечена комбинација, накитот ќе биде нешто со што ќе го заокружат изгледот - часовник, прстен или алка. 

Во продолжение погледнете со кои познати личности го делите хороскопскиот знак и чиј стил ви е најблизок.

 

Криси Тиген

 

Тејлор Сфивт

 

Зои Кравиц

 

Бред Пит

 

Џулијан Мур

 

Рита Ора

 

Борис Бекер

 

Џеф Бриџис

 

Сара Полсон

 

Тина Тарнер

Објавено:
27 ноември 2018
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
615 пати