Алесандра де Осма: Модерната латино принцеза која живее далеку од скандали и од очите на јавноста

26 август 2020

Родена е во Перу, по професија е адвокат, има свој еко-бренд за чанти и е поранешен модел, а од 2017-та година и принцеза откако се омажи за принцот Кристијан од Хановер.

Таа е Алесандра де Осма, вистинска модна икона од новата генерација принцези.

Не се експонира во јавноста и живее далеку од скандали, но нејзиниот имиџ и работа го заслужуваат целото внимание.

Со принцот Кристијан се запознале уште во 2005 година, кога таа имала 14 години и била негов туристички водич при една негова посета на Перу. Нивната врска ја започнуваат шест години подоцна. Еден период живееле во Мадрид. Се вериле во 2017-та и истата година се венчале во Лондон, а големата свадбена церемонија ја одржале во Перу. Од неодамна се и родители на близнаците Николас и Софија.


Порано како модел имала успешна кариера и работела за брендови како Ботега Венета, Мисони и Пепси. Блиската релација со модата ѝ отворила многу перспективи, па не е случајно што заедно со нејзина пријателка започнала и свој моден бизнис – еко дизајн на чанти под етикетата Moi & Sass.

Нејзиниот стил е беспрекорен. Авангардна е во секој аспект. Успешно владее и со уличната мода каде важи за една од омилените принцези која знае со фустан да облече и патики. Секое нејзино појавување, независно дали се работи за формален или неформален настан, е стилска лекција.

Запознајте се со Алесандра де Осма...

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
26 август 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
992 пати